дома Свет Трамп: Кина нема да го нападне Тајван додека сум јас претседател

Трамп: Кина нема да го нападне Тајван додека сум јас претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина нема да го нападне Тајван додека е тој на функција.

Ова е јасно од извадок од интервјуто што американскиот претседател го даде за Си-Би-Ес, објавено во неделата.

Трамп тврди дека и кинескиот претседател Си Џинпинг и владини претставници постојано ја уверувале неговата администрација дека нема да ја ескалираат кризата.

Трамп додаде дека Пекинг е свесен за последиците од инвазијата на Тајван , но не откри детали.

 „Ќе знаете ако тоа се случи“, рече Трамп. Тој, исто така, повтори дека Си не го споменал Тајван за време на нивниот состанок минатата недела.
ПредходнаГрција: Таксистите ќе штрајкуваат во Атика на 5 и 6 ноември
СледнаЗемјотрес со јачина од 6,3 степени во Авганистан .Има жртви