дома Свет Балкан Црна Гора ги поскапува сите видови горива од полноќ

Црна Гора ги поскапува сите видови горива од полноќ

– Сите видови горива ќе поскапат во Црна Гора од полноќ, па во следните 15 дена цените на Еуросупер ќе се зголемат за два центи, објави денес Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора.
Еуросупер 98 ќе се продава по цена од 1,44 евра, а Еуросупер 95 за 1,41 евро за литар, објави РТЦГ.
Литар Еуродизел ќе чини 1,35 евра, што е за три центи поскапо.
Нафтата за греење ќе поскапи за три центи и ќе чини 1,28 евра.
Последните претходни промени беа направени на 21 октомври, кога сите видови горива поевтинија за три центи.

ПредходнаДУИ ќе организира конгрес до 20 декември, за оставки не е разговарано
СледнаНапад од омраза на Деновите на српската култура во Сплит. Полицијата повикана, Пленковиќ…