Четири жени се избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава. Тие ќе раководат со општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија.
Од нив, три се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а една од коалицијата предводена од СДСМ.
Од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градоначалничката фотелја ќе седнат Бети Стаменкоска-Трајкоска која беше избрана уште во првиот круг и која ќе раководи со скопската општина Кисела Вода, Марија Нацева која ќе биде првиот човек во Неготино и Наталија Димитриева во Демир Капија.
Втор градоначалнички мандат во Македонска Каменица освои Соња Стаменковска од коалицијата предводена од СДСМ.
На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени (10.35%).




