дома Свет Tрамп вели дека не размислува за испраќање на „Томахавк“ во Украина

Tрамп вели дека не размислува за испраќање на „Томахавк“ во Украина

  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина ракети со долг дострел „Томахавк“.

САД СИРИЈА ЛАНСИРАЊЕ НА РАКЕТА

На прашањето на новинарите во „Ер Форс Уан“ дали размислува да ѝ го даде тоа оружје на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш“.

Пентагон ја овласти Белата куќа да испрати крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина откако процени дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, а конечната политичка одлука е на претседателот Доналд Трамп, изјавија тројца американски и европски функционери запознаени со ова прашање, објави Си-Ен-Ен во петокот.

Трамп претходно овој месец на работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека не би сакал да ѝ ги даде тие ракети на Украина бидејќи му се потребни за да ги заштити Соединетите Американски Држави.

Здружениот генералштаб на американските вооружени сили ја информираше Белата куќа за својата проценка претходно овој месец, пред средбата на Трамп со Заленски, кој ги бара ракетите за да може поефикасно да ја напаѓа нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу илјада километри.

Неколку дена пред средбата со Зеленски, Трамп рече дека САД имаат „многу томахавци“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.

ПредходнаИзборите во Њујорк се огледало на американските поделби
СледнаПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови