дома Македонија Политика Евроамбасадорот Рокас ќе го презнтира извештајот на ЕК во Собранието

Евроамбасадорот Рокас ќе го презнтира извештајот на ЕК во Собранието

Извештајот ќе биде презентиран од страна на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави денеска.

-(Македонските) власти продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, се вели во извештајот.

ЕК во извештајот за проширување на земјава: Постигнат значителен напредок во спроведувањето на реформите

Сепак, во него се забележува дека земјата треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено заштитата на независноста и интегритетот на судството и да ја засили борбата против корупцијата, при што се оценува дека е постигнат „ограничен напредок“ во областа на судските реформи.

Како позитивен развој на настаните во извештајот се наведува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и се оценува дека земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување.

Европската комисија во документот посочува и дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека една од државите што се приклучи на Конвенцијата за заеднички транзит, чија цел е забрзување на движењето на стоките преку границите.

Во извештајот се повторува и претходно изнесениот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Исто така, се нотира и дека се уште не се усвоени уставните амандмани насочени кон вклучување во Уставот на граѓани кои не претставуваат мнозинство, како што се Бугарите, за што земјата презела обврска.

ПредходнаСписанието „Пипл“ го прогласи актерот Џонатан Бејли за „најсекси маж на светот“
СледнаТројца врвни репортери од Полска, автори на книжевни репортажи, гостуваат во Македонија