дома Македонија Политика Кадровски промени кај поразените партии ДА ама лидерски смени НЕ !

Кадровски промени кај поразените партии ДА ама лидерски смени НЕ !

 Изборните резултати ја покажаа позицијата на големите и на малите во овој момент, на македонската политичка сцена. ВМРО ДПМНЕ супериорно, ја бетонира својата позиција, секако му се најде и на ВЛЕН за да го победат Али Ахмети.Граѓаните писмото го пратија. Генерално сите изгубија гласови значи , ако се иземеат партиските војски, бројот на гласови кои се прелеваа од едни на други, а против власта, дефинира дека има незадоволство. Неважечките и неизлезноста се друга тема, но освен менување на концептите за работа, нужни се кадровски промени на сите нивоа. И лидерски за разбира, за оние најхрабрите и најпрогресивните.

Одговорноста и остварливоста се две различни компоненти , составен дел на успешноста.СДСМ и ДУИ се најголемите лузери на ове избори.

Поразот кој го доживеа ДУИ на овие избори без исклучок треба да донесе целосна трансформација на партијата на чело со лидерот на интегративците сметаат аналитичарите. Ова било јасна порака уште во првиот круг дека граѓаните не се согласуваат со политиката која ја одбра НАИ со настапот на овие избори. 

Небиу смета дека овие изборни резултати се голема лекција и за владејачкото мнозинство. Според него бројките  покажале историски најниска излезност со најголем број поништени гласови кои се одраз на незадоволство на граѓаните кои не виделе понуда ниту во опозицискиот политички корпус.

Иако промените се неопходни во врвот на раководствата на поразените партии, аналитичарите не очекуваат промени бидејќи проблемот го гледаат во статутарните механизми кои речиси се исти во сите политички партии кога е во прашање менување на лидерството.

Во ДУИ сепак не се разговарало за оставки на денешната седница на централното претседалство. Од партијта сопштија дека се дискутирало за сите внатрешни развои во партијата и за коалицијата и донеле одлука да одржат конгрес на 20 декември.

Оставка не планира ниту претседателот  на СДСМ Венко Филипче кој по изборите најави дека отпочнува процес за кадровски промени на првите луѓе околу него. Околу него почнаа да се расфрлаат оставките на локалците и маргиналците, ке следуваат и на некои истрошени кадри, нивна пасивизација, но позицијата на лидерот е неприкосновена. Работата во иднина  веројатно ќе биде одговорот дали СДСМ сосема ќе исчезне или некои нови дечки ќе го тргнат докторот и ќе го сместат таму каде што е најсислен и вистински вреден.

За помалите партии и тие кои добија и загубија, аналитичарите прогнозираат  нивно тивко замирање од политичката сцена,  небитност, или како и досега, работа  и евтини функции за два тројца од партиските луѓе на и околу  лидерот, и глумење партиски плурализам и „оштроумност“.

ПредходнаМемов со критики до Влен
СледнаВонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија