Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов од ЗНАМ упати критики до Вреди затоа што не дадоа поддршка за кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Вреди го изигра ВМРО ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка…
ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа, ние чесно ве подржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!, пишува Мемов во објава на Фејсбук.




