Изет Меџити кој беше избран за градоначалник на општина Чаир денеска и официјално ја презема функцијата за што информираше на Фејсбук.
Во објавата пишува дека пред општината стои ново поглавје и ветува транспарентно и одговорно владеење, ставајќи го јавниот интерес пред се друго.
Со неговото назначување за прв човек на Чаир се отвара прашањето кој ќе го наследи на позицијата – прв вицепремиер и министер за животна средина, функции што ги извршуваше досега.
Според денешната изјава на портпаролот на Влен, Дритон Сали, нов наследник на Меџити за позоцијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали.
– Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Се уште нема конкретно име, изјави Сали.
Што значи од една позиција , албанслите партии прават две функции, или Изет Меџити вредел за двајца, и за вицепремиер и за министе




