дома Свет Почина работникот повреден при уривањето на средновековна кула во Рим

Почина работникот повреден при уривањето на средновековна кула во Рим

Романски работник, кој со часови беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, Италија, почина, објави Ројтерс.

Почина работникот повреден при уривањето на средновековна кула во РимМажот бил спасен од службите за итни случаи доцна во понеделник и однесен во болница во сериозна состојба, изјави претходно началникот на полицијата во Рим, Ламберто Џанини.

Никој од пожарникарите не е повреден.

Потсетуваме дека во понеделник наутро, дел од кулата Торе деи Конти, која се наоѓа во областа Фори Империјали во центарот на Рим, се урна за време на градежни и поправки.

Првичните извештаи покажаа дека еден од работниците вклучени во реставрацијата на кулата е сериозно повреден и е префрлен во болница. Тројцата други лица кои биле на местото на поправката одбиле хоспитализација откако претрпеле полесни повреди.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, и министерот за култура го посетија местото на инцидентот, а експерти од локалната Надзорна служба вршат првична проценка на штетата и стабилноста на преостанатиот објект.

Торе деи Конти, кој денес е висок околу 29 метри, е едно од најважните средновековни утврдувања во Рим, кое датира од почетокот на 13 век за време на владеењето на папата Инокентиј III. Реставраторски работи беа дел од четиригодишен проект финансиран од Европската Унија (PNRR) и треба да биде завршено следната година.

Случајот го искористи Русија за да коментира за помошта на Италија за Украина. 

Италија ќе се распадне – од нејзината економија до нејзините кули – сè додека нејзината влада ги троши парите на даночните обврзници за Украина, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот Телеграм канал, цитирана од ТАСС.

 „Да ве потсетам дека во мај оваа година, италијанското Министерство за надворешни работи објави дека „италијанската поддршка за Украина, вклучувајќи ја воената помош и придонесите исплатени преку механизмите на ЕУ, изнесува приближно 2,5 милијарди евра, од кои приближно 1 милијарда евра се за бегалци, 310 милиони евра се за поддршка на државниот буџет и 93 милиони евра се за хуманитарни активности“.

„Додека италијанската влада ги расипува парите на даночните обврзници, Италија ќе се урива – од нејзината економија до нејзините кули“, забележа дипломатот.

ПредходнаСпоред извештајот на ЕК, Црна Гора постигнала најголем напредок кон ЕУ
СледнаКосово го забрани хиџабот во училиштата