НАЈМАЛКУ седум лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вечерва во дом за стари лица во Тузла, објави Avaz.ba. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем, со оглед на тоа што интервенцијата е сè уште во тек.

Најмалку пет лица се во болница, амбулантните и противпошарни возила пристигнуваат постојано
Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Околу 22 часот, тој бил пронајден, потврди Полициската управа на МУП на Тузланскиот кантон. Лекарите интервенират врз повредените на местото на настанот.
Според последните информации, најмалку пет лица се однесени во болница, а постојано пристигнуваат возила за итна помош.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Министерството за внатрешни работи на ТК ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, да им дозволат на интервентните екипи да поминат и да дејствуваат и да ги почитуваат упатствата на полициските службеници на терен.
Пожарникари од Тузланската противпожарна служба се на местото на настанот, а повикани се и екипи од Сребреник, Живинице, Лукавац и Калесија. Заедно со нив, ангажирани се и служби за итни случаи од неколку општини од Тузланскиот кантон.




