дома Локално Вработените во „Паркови и зеленило“ продолжуваат со штрајк – ништо од платата

Вработените во „Паркови и зеленило“ продолжуваат со штрајк – ништо од платата

Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ соопшти дека протестите ќе продолжат и  денеса и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието.

– Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, вклучително и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонус плати, К-15 и здравствено осигурување. Протестите продолжуваат и во наредните денови, сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Работниците нема да отстапат од своите барања, а синдикатот останува доследен во борбата за достоинствена исплата и правична третман, велат од Синдикатот.

Синдикатот имаше состанок со директорот на претпријатието, на кој, како што изјави претседателот на Синдикатот Горан Ристески, им било посочено дека се очекува т да бидат префрлени пари на сметка на претпријатието и дека ќе биде исплатена септемвриската плата. Сепак денеска блокадите на крстосниците  започнуваат во 9.30 во Скопје

ПредходнаСе разгледуваат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
СледнаЕвроамасадорот Рокас до Сиљановска-Давкова: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите