Медицинска сестра која била задолжена за грижа за пациенти со сериозни, неизлечиви болести денес е осудена на доживотен затвор од германскиот суд за убиство на 10 пациенти со смртоносни инјекции, како и за обид за убиство на уште 27 други.

Обвинителството тврдеше дека медицинската сестра во одделот за палијативна нега им инјектирала на своите постари пациенти лекови против болки или седативи за да ѝ го олесни работењето во ноќната смена, објави Ројтерс.
„Нејзиниот злостор беше утврден како особено сериозен“, изјави портпаролот на судот во Ахен, посочувајќи дека осудената медицинска сестра имала мали шанси да биде ослободена по 15 години, минималната затворска казна за доживотни затвореници во Германија.
Медицинската сестра ги извршила злосторствата помеѓу декември 2023 и мај 2024 година во клиника во близина на Ахен во западна Германија.




