дома Свет Балкан Силен земјотрес од 4,7 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес од 4,7 степени ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време, на длабочина од 7 километри.

Епицентарот се наоѓа на околу 12 километри западно од градот Ксанти, и на околу 110 километри јужно од бугарскиот град Пловдив.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

ПредходнаБројот на жртви во Тузла расте, 35 се повредени
СледнаГерманија би можела да изгуби 50 милијарди евра годишно без домашно производство на челик