дома Македонија Филипче: Работиме на проширување на опозициската платформа

Филипче: Работиме на проширување на опозициската платформа

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче најавува поширок и посилен опозициски фронт со политички и граѓански организации којшто ќе се соочи со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
– Работиме и на проширување на опозициската платформа, не само за политички чинители и за многу други граѓански организации затоа што сметам дека ние сме единствената политичка сила која може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Филипче.
Потврди дека следуваат промени во раководството на партијата, но рече дека за тоа е потребно повеќе време и дека не сака да избрзува.
– Разговарам со многу луѓе, ги пратам и реакциите кои стигнуваат до мене преку социјалните мрежи. Ја разбирам негативната емоција, сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи изборите и ги разбирам граѓаните. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат ќе може да се дебатира поразумно, пофер и поотворено. Од бројните разговори што ќе ги водам, ќе ги изберам најдобрите луѓе кои ќе бидат дел од тимот во следниот период. Најавив дека тоа ќе се случи оваа недела, но сепак ќе треба повеќе време, не сакам да се избрза со тој процес“, рече Филипче.
За резулатот од изборите, според Филипче одговорноста е колективна.

ПредходнаВреди ќе добие уште еден министер, кадрите на ЗНАМ непожелни – Мицкоски ќе ја реконструира и Јаневска?!
СледнаЗаменик министерот за внатрешни: Ќе има нула толеранција за говор на омраза кон Албанците