Правната битка помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за нивната француска винарија Шато Миравал доби ново продолжение. Според судските документи поднесени кон крајот на октомври, Пит бара 30 милиони евра за отштета од неговата поранешна сопруга за продажба на нејзиниот удел во имотот. Овие обвинувања се базираат на електронски пораки испратени од страна на адвокатите на Анџелина Џоли минатата година, кои сега се приложени како доказ од страна на правниот тим на Пит, пишува Пипл.

Што откриваат новите документи?
Тимот на Пит поднесе нови комуникации до судот на 29 октомври во врска со продажбата на уделот на Џоли во винаријата во 2021 година. Меѓу доказите е и е-маил од ноември 2023 година, во кој адвокатите на познатата актерка одговараат на тужбата на Пит. “Вистинската сложеност на овој проект беше создадена од самиот г-дин Пит – тој ја тужи г-ца Џоли и бара 30 милиони евра за отштета”, напишаа адвокатите во тоа време. “Затоа тој мора да ги сноси трошоците за производство на документи кои ќе ги покажат овие наводни штети”.
Позадина на конфликтот околу винаријата
Бред Пит ја поднесе својата прва тужба во 2022 година, тврдејќи дека Џоли го продала својот удел во Миревал и покрај нивниот наводен договор дека никој нема да го продаде својот удел без одобрение на другиот. Џоли го негираше постоењето на таков договор и поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит за “водење војна за одмазда” против неа.





