Оваа есен Скопје ќе пулсира во ритамот на легендите! На 8 ноември, во култниот Младински културен центар, ќе се одржи Трибјут Фест – музичка вечер посветена на бесмртните хитови и магијата на живите свирки што ги обележале генерациите.
Овој фестивал носи вистинска рок и поп носталгија преку настапи на одбрани трибјут бендови, кои со неверојатна енергија и почит ги оживуваат големите имиња од светската сцена. Подготвени сте за музичко патување низ времето?
Три бендови, три легендарни музички универзуми, една незаборавна ноќ! Вратите се отвораат во 19:15, затоа стигнете навреме и подгответе се за вечер исполнета со трепет, емоции и звук што ќе ве врати во златните години на рок сцената. Билетите веќе се достапни на Другастрана.мк
Програма:
- 20:00 – THE DOORS трибјут од Eruption
- 21:45 – PEARL JAM трибјут од Epidemik
- 23:30 – PARAMORE трибјут од Red18




