Новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ја презеде функцијата и најави дека од вечерва почнува чистењето на градот, а од утре и реорганизацијата на јавните претпријатија.
– Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив. А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук споделувајќи фотографии од примопредавањето




