
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи.
На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи.
Како што рече, премиерот го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите.
Секоја негова одлука апсолутно ќе ја испочитувам, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“.




