По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа излегоа на терен за да ја вратат чистотата во секоја населба и на секоја улица на главниот град, стои во соопштението на Општина Чаир
Граѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што започна чистењето на Скопје.
-Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва сме на терен, покрај екипите на ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, јавните претпријатија на градот и компаниите со општествена одговорност, кои го водат овој голем граѓански мобилизирачки процес. Ќе се чистат контејнерите, просторот околу нив, шеталиштата, плоштадите и мини-депониите што се создадоа како резултат на блокадите и неодговорноста што го оставија Скопје прекриено со отпад, истакна Меџити.
Фото галерија: Почна акцијата за чистење на Скопје за 72 часа
Тој додаде дека Скопје нема да спие врз ѓубре, туку утре ќе се разбуди со почист, поздрав воздух, со почисти улици и со нов изглед.
-Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје — градот што го преземаме во свои раце за да го исчистиме, да го уредиме и повторно да го направиме гордост за сите негови граѓани, порача меѓу другото Меџити.




