дома Локално Коституиран Советот на Град Скопје

Коституиран Советот на Град Скопје

Новоформираниот Совет на Град Скопје денеска ја одржа конститутивната седница, а првиот човек на градот најави стабилен, функционален и одржлив развој на градот.
– Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон стабилен, функционален и одржлив развој, да покаже дека кога политиката ќе ги стави интересите на граѓаните пред сè, резултатите се видливи, конкретни и трајни. Нема време за експериментирање, туку за работа веднаш, рече градоначалникот Ѓорѓиевски, кој вчера официјално ја презеде функцијата.
Најави ефикасен и модерен јавен превоз, нови автобуси, подобрување на сообраќајната сигнализација и поголема безбедност на улиците и продолжува на вчерашната акција за чистење на градот.
– Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Уште од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник ја започнавме генералката за чистење на градот. И тоа нема да биде само 72 часовна акција – тоа ќе продолжи во континуитет, секој ден. И ова што го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може. Тоа, всушност е наша обврска, за тоа граѓаните нѐ плаќаат, рече Ѓорѓиевски.

ПредходнаВо Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена
СледнаЦрни панталони за есен – класика со модерен допир