дома Македонија Црна хроника Откриен еден од убијците во Чашка

Откриен еден од убијците во Чашка

Откриен е еден од убијците на велешанецот Ѓело Ѓошев кој беше убиен на 5 ноември во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци. Другиот убиец уште не е идентификуван.
Обвинителството денеска соопшти дека е покрената истражна постапка против него. Тој го намамил Ѓошев и со својот автомобил го однел на локацијата, а потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која Ѓошев починал.
Осомничениот и претходно е познат како сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Поарди опасност од бегство, можност да влијае на сведоците и ризик да го повтори делото, доставен е предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител, МВР работи на откривање и на другиот соизвршител и на точните мотиви за убиството.

ПредходнаИстрагата открива недостатоци.Бројот на жртви во Тузла се искачи на 13,
СледнаВо Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена