дома Граѓански Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на...

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

СТОРИЈАТА НА „360 СТЕПЕНИ’ ЗА ДИПЛОМАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ  ДОБИ ПРВА НАГРАДА ОД ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВОНовинарите на „360 степени“ Александар Димитриевски и Михаил Милошевски се првонаградени со сторијата „По трагите на Јулија“. (Фото: Фејсбук)

 

 

Новинарите на „360 степени“ Александар Димитриевски и Михаил Милошевски со сторијата „По трагите на Јулија“ ја добија првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство за 2025 година. Сторијата е за фалсификуваната диплома по англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.

Втора наградена сторија е „Украдени животи“ на новинарите Александра Денковска, Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александар Јанев, Трифун Ситниковски, Давид Илиевски од ИРЛ.

Третонаградени се новинарите на емисијата „Код“, Срѓан Стојанчов и Снежана Лупевска-Созен, за сторијата „Досие Крмзов – епски криминал или обид да му се одземе бизнисот“.

 

 

На конкурсот се пријавиле 29 стории, од кои 21 биле за криминал и корупција, а преостанатите биле теми од општествено значење.

Во состав на жирито кое ја доделуваше наградата беа новинарите Соња Колевска-Делевска, Огнен Зориќ и Валентин Нешовски експерт за медиуми и комуникации.

ПредходнаРускиот напад остави над 2.500 рудари под земја во Украина
СледнаЛозинката за пристап до видео надзорот на Лувр беше… „ЛУВР“