дома Македонија Црна хроника Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и...

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа

  Во атарот на кавадаречкото село Сопот   пронајдени  се остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. Појаснија дека  случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.

-Увид на местото извршил  јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител.

Пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес. 

ПредходнаЖена грабната и силувана во бесознание, приведени две лица од дебарско
СледнаВМРО ДПМНЕ бара оставка од Филипче и ќе му бира лидер на СДСМ