дома Македонија Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници,...

Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници, бара ЛДП

Поверениците кои ќе ги назначи Владата да раководат со четирите општини каде поради немање цензус не беа избрани градоначалници, да не може да се кандидираат на повторните избори, бара Либерално-демократската партија.

Од партијата велат дека ќе поднесат измени на Изборниот законик и дека со тоа ќе се обезбедат фер услови за коректен политички натпревар.

Поради немање цензус, на локалните избори не беа избрани градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Марвово и Ростуше и Центар Жупа. Во овие четири општини ќе треба да се организираат повторно избори.

– Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.

ПредходнаТурција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцид во Газа
СледнаВИДЕО Северина паднала на сцената во Арена Загреб. Нејзината реакција ги воодушеви фановите