дома Магазин Северина ја поддржа Дијана Хрка на концерт во Загреб: Таа мајка штрајкува...

Северина ја поддржа Дијана Хрка на концерт во Загреб: Таа мајка штрајкува со глад затоа што веќе една година бара вистина и правда (ВИДЕО)

Северина Вучковиќ

Хрватската пејачка Северина синоќа пееше пред преполната Арена во Загреб, а за време на концертот ја искористи можноста да ѝ испрати поддршка на Дијана Хрка.

Како што објави Нова.рс , таа ги потсети присутните дека во центарот на Белград, мајката на лицето кое почина по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад барајќи правда. Публиката одговори на ова со овации и громогласен аплауз.

„На 400 километри источно од мене, има мајка која штрајкува со глад веќе пет дена. Се вика Дијана Хрка, а нејзиниот син Стефан почина под железничкиот надвозник во Нови Сад. Оваа мајка штрајкува со глад затоа што веќе една година бара вистина и правда. Ве молам, дајте ѝ силен аплауз. Дијана!“, рече Северина.

Да ве потсетиме дека Северина зборуваше и на годишнината од трагедијата во Нови Сад. Имено, на својот Инстаграм профил објави албум со слики на кои позира со црна маица на која е насликана крвава рака, а под која пишува „Нови Сад“, алудирајќи на еден од студентските пароли – „рацете ви се крвави“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПредходнаГерманија: Камионите за ѓубре користат вештачка интелигенција за скенирање на отпадот во погрешна корпа
СледнаПокренато обвинение против лицата кои организираа борба со кучиња во Црнеец