Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор.

Како што информираа од Кривичен за лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 односно „Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“. За петтоосомничената Ј.К Судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител за определување мерка куќен притвор
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишиле од слобода петте лица, меѓу кои, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп.
Директорот на АФПЗРР фатен со 400 евра мито, му ветиле 50.000
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес.



