Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вечерва информираше дека во акцијата за чистење на Скопје собрани се над 4,5 илјади тони отпад. Акцијата што ја почна кога ја презеде градоначалничката функција ја оцени како успешна и вети дека и во иднина ќе се продолжи со истата динамика.
Ѓорѓиевски изјави дека се исчистени сите мирколокации во населените места, исчистено е речното корито на Вардар, Градскиот парк, плоштадот Македонија, жена парк, депонијата кај гробиштата Бутел и дека се работи на чистење на депонијата Вардариште.
– Успешно ја завршивме оваа активност на која се обврзавме дека ќе ја реализираме во 72 часа, иако состојбата на почетокот беше нереално да ја изведеме и сработиме како задача што самите си ја поставивме бидејќи беа десеткувани структурите во јавните претпријатија од аспект на организацијата и механизацијата со која располагаат, рече Ѓорѓиевски.
За механизацијата во „Комунална хигиена“ рече дека имало 16 камиони, а дека сега има 40, но тенденцијата е до петок да има околу 60 функционални камиони.
Најави казни за несовесните граѓани и редовни акции за собирање на кабаст отпад.
– – Но, доколку некој се однесува несоодветно како што беше случај изминатите 72 часа ќе пристапиме кон опомени и изрекување на казни. Изречени се над 40 казни и 70 опомени и физички и правни лица, рече Ѓорѓиевски.




