дома Свет Балкан Жена и маж биле нападнати во центарот на Загреб, жената е тешко...

Жена и маж биле нападнати во центарот на Загреб, жената е тешко повредена

ЗАГРЕБ, 9 ноември 2025 година (Хина) – Непознати сторители рано утрово нападнале 34-годишна жена и 36-годишен маж во центарот на Загреб на улицата Пјеротијева, при што тешко ја повредиле жената, соопшти во недела загрепската полиција.

Инцидентот се случил во 5:45 часот наутро, а според досега утврденото, во нападот учествувале неколку непознати сторители. Нападнатите жена и маж со возило на брза помош биле пренесени во Клиничкиот болнички центар на Сестрите на милосрдието, каде што било утврдено дека 34-годишната жена имала тешко повредена нога, додека 36-годишниот маж имал полесни повреди.

Кривичната истрага е во тек, се вели во соопштението.

ПредходнаСе чисти Скопје
СледнаВелика Британија испраќа помош во Белгија за спречување на инциденти со дронови