дома Свет Балкан На Косово втор круг од локалните избори

На Косово втор круг од локалните избори

НА Косово денеска во 18 општин се оддржува вториот круг од локалните избори .


Кампањата за вториот круг од изборите започна во понеделник, 3 ноември, и завршува денес во 7 часот наутро кога ќе се отворат гласачките места.
Гласањето ќе се одржи во Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Качаник, Клина, Косово Поле, јужниот дел на Косовска Митровица, Обилиќ, Ораховац, Пеќ, Приштина, Призрен, Сухарека, Витина, Вуштри, Јуник, Мамуша и Клокот до 19 часот.
Во Клокот, општина со српско мнозинство, кандидат на Српската листа за градоначалник е Божидар Дејановиќ, додека кандидатот на Граѓанската иницијатива Српска народна хармонија, Среќко Спасиќ, кој беше втор во првиот круг од трката во Клокот, одлучи да се приклучи на Српската листа со другите членови на ГИ пред вториот круг.
И покрај ова, ЦИК објави дека двајцата кандидати кои добија најмногу гласови во првиот круг, вклучувајќи го и Спасиќ, формално ќе се натпреваруваат во вториот круг.

Граѓаните можат да гласаат со лична карта, возачка дозвола или пасош издаден од  Приштина.

ПредходнаПовеќе од 100.000 луѓе евакуирани на Филипините во очекување на супертајфунот Фунг-вонг
СледнаДејтон 30 години подоцна: Мирот е тука, но што е со него?