дома Македонија Економија Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026

Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026

   Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет. До понеделник, 10 ноември, е рокот до којшто пратениците може да поднесат амандмани на Предлог-буџетот, а според најавите од претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува на 9 декември да се одржи пленарната седница. 

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари  или 650 милиони евра.

Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вели Предлог буџетот ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, а паралелно со тоа и постепена фискална консолидација.

 

ПредходнаПроменливо облачно со повремени врнежи од дожд
Следна„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица