Возачот кој синоќа удри во контејнери и потоа во друго возило, имал 0,97 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и против него е покрената прекршочна пријава по три основи – за недозволена брзина, возење под дејство на алкохол и напуштање на лице место.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за 22-годишен турски државјанин со привремен престој во Скопје.
– На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен, информираше МВР.




