дома Свет Апелациониот суд денес ќе го разгледа барањето на Никола Саркози за ослободување

Апелациониот суд денес ќе го разгледа барањето на Никола Саркози за ослободување

Апелациониот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој отслужува затворска казна во затворот Ла Санте во Париз, јавува телевизијата BFM.


Саркози ќе биде сослушан преку видео врска, а постои можност да го застапуваат неговите адвокати, кои најавија дека на суд ќе тврдат дека седумте критериуми за неговото затворање можат лесно да се исполнат ако биде ослободен под судски надзор.
Одлуката на апелациониот суд би можела да се донесе денес, а доколку Саркози биде ослободен, тој би можел да го напушти затворот во рок од неколку часа, откако ќе бидат завршени административните формалности за неговото ослободување.
Поранешниот претседател може да биде ослободен без судски надзор, ослободен под судски надзор или ставен во домашен притвор со електронска нараквица, која ќе му биде поставена во наредните денови.
Доколку остане во притвор, неговите адвокати можат да поднесат ново барање за негово ослободување истиот ден. Саркози, кој веќе е осуден во случајот со прислушувањето, на 26 ноември ќе дознае дали Касациониот суд ќе ја потврди или ќе ја поништи неговата жалба во случајот со нелегално финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања во 2012 година.

ПредходнаОфицијално: Турција бара безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа
СледнаТри дрона забележани над нуклеарната централа Доел во североисточна Белгија