Воедно тој не потсети сите нас на родителската болка, на загубата и на тоа дека 63 ката не е бројка туку луѓе, деца кои загинаа заради нечија неоодговорност и корупција, а за што сеуште нема одговорност

Таткото на трагично загинатата Надица, Александар Наунов, објави видео кое, како што вели, го памети како најтешкиот момент во својот живот – последното заминување на неговата ќерка од домот.
Надица беше една од 63-те жртви во кобниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Видеото, споделено на социјалните мрежи, е емотивен потсетник на денот кој, според Наунов, засекогаш му го променил животот.
Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.
Воедно тој не потсети сите нас на родителската болка, на загубата и на тоа дека 63 ката не е бројка туку луѓе, деца кои загинаа заради нечија неоодговорност и корупција , а за што сеуште нема одговорност !




