За само два дена, во Скопје приведени се 10 лица кои поседувале дрога. Загрижувачки е што најмладиот има само 14 години.

На 08/09.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Ф.(19), Н.А.(40), С.К.(27), М.Д.(31), В.Т.(22), Х.Б.М.(28), С.С.(28), А.Т.(39), Ф.А.(38) и 14-годишен малолетник сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, се вели во дневниот билтен на МВР.




