дома Свет Германија: Градоначалникот на Баден-Баден предизвикал сообраќајна несреќа додека бил пијан

Германија: Градоначалникот на Баден-Баден предизвикал сообраќајна несреќа додека бил пијан

Градоначалникот на Баден-Баден во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг, Дитмар Шпет, предизвикал сообраќајна несреќа додека возел под дејство на алкохол и лекови, објавија денес германските медиуми.

Градоначалникот го удрил автомобилот во семафор додека возел пијан и под дејство на лекови, но никој не е повреден, објави неделникот Шпигел.
„Мојот клиент ќе ја преземе целосната одговорност за своето однесување“, изјави адвокатот на Шпет, Герхард Брауер.
Полицијата соопшти дека 62-годишниот возач удрил во тротоарот на островот додека свртувал на кружен тек и удрил во семафорот, и потврди дека никој не е повреден.
„Алкотестот, на кој возачот доброволно се согласил, утврдил дека имал околу 1,5 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.
Државното обвинителство на Баден-Баден сè уште не го коментираше инцидентот и евентуалното поднесување обвиненија против градоначалникот Шпет.

ПредходнаСепак, парите за исплата од ИПАРД блокирани, иако се тврдеше дека нема проблеми