дома Македонија Економија Инфлацијата во октомври намалена за 0,2 проценти во однос на септември

Инфлацијата во октомври намалена за 0,2 проценти во однос на септември

  Инфлацијата во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември бележи намалување од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври намалена за 0,2 проценти во однос на септемвриНамалувањето се должи на помалите трошоци во делот на транспортот за 6,1 процент, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3 проценти и во делот образование и култура за 0,1 процент.

Зголемување на трошоците на живот има во делот на алкохолните пијалоци и тутунот и облеката и обувките за 1,2 проценти, храната и безалкохолните пијалоци за 0,3 проценти, домувањето за 0,2 проценти.

Во однос на октомври, минатата година, трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, а цените на мало за 2,8 проценти.

ПредходнаВидео: Tаткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава
Следна„Вучиќ стапна во бездната, сè што треба да направи е да скокне во летачкиот автомобил“: Дали падот на владата на СНС е неповратен процес?