Пред српскиот парламент утрово е сè уште мирно, а сообраќајот на раскрсницата Таковска, Кнежа Милоша и Булевар крал Александра, кој во изминатите денови повремено беше блокиран од групи граѓани, се одвива нормално.

Во близина на Домот на Народното собрание, на раскрсницата Таковска и Булевар крал Александра, е шаторот во кој се наоѓа Дијана Хрка, чиј син беше убиен при уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Таа од недела, 2 ноември, штрајкува со глад, барајќи да се утврди одговорност за смртта на нејзиниот син и другите жртви при уривањето на настрешницата.
Хрка посотојнао е придружувана од помала група граѓани, на моменти големи групи кои блокираат и сообраќај , а кои ѝ даваат целосна поддршка.
Полицијата беше распоредена помеѓу зградата на Народното собрание и улицата Таковска откако минатата недела, ноќта помеѓу недела и понеделник, група учесници на митингот во поддршка на Хрка имаа тензии поради провокации со гласна музика од ЃАциленд, од приврзаниците на Вучиќ и кога полицискиот кордон спречи доближување до шаторите преку оградата, каде што престојуваат граѓани кои се спротивставуваат на блокадите и се врзани за власта на Вучиќ.

Инаку Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој трагично загинал во несреќата на железничката станица во Нови Сад, веќе девети ден штрајкува со глад пред српското Собрание. Нејзиниот протест се претворил во симбол на мајчинска упорност, бидејќи таа одби да го прифати повикот за разговор со претседателот Александар Вучиќ во неговиот кабинет и му порачала дека ќе го чека тука пред институцијата.
– Ако господинот претседател сака да разговара, нека дојде овде пред сите луѓе и медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, не мој – изјави Хрка, додавајќи дека не ја интересира што го мотивирало Вучиќ да ја повика токму сега, по повеќе од една година тишина.
Вучиќ претходно изјавил дека е „спремен да ја прими и да ја посети, доколку навистина сака разговор“, и објавил видео на кое се гледа како Хрка му скандира навреди, додавајќи дека „секој разговор е благороден“.
Протестот на Хрка започнал на 2 ноември, еден ден по годишнината од смртта на нејзиниот син.




