Габриел, кој за време на поранешната канцеларка Ангела Меркел, од 2013 до 2018 година, прво беше министер за економија, а потоа и шеф на дипломатијата, сведочеше пред истражната комисија во петокот.
Комитетот истражува можно руско влијание врз Фондацијата за климатски промени „МВ“ во врска со гасоводот „Северен тек“.
Габриел негираше дека имало тесна и редовна соработка меѓу владата во Берлин и фондацијата во покраината Мекленбург-Западна Померанија, каде што завршува гасоводот.
Сепак, тој призна дека направил грешки во својот став кон Русија.
Погрешното проценување на Путин и неговите намери е „една од најголемите грешки на германската надворешна политика во која сум бил вмешан“, рече Габриел, додавајќи дека тоа е „горчливо сознание“.
Анкетната комисија на парламентот на Мекленбург-Западна Померанија е задолжена да разјасни дали Русија имала влијание врз основањето на фондацијата.
Во 2021 година, фондацијата помогна во финализирањето на гасоводот „Северен тек 2“, и покрај заканите на САД за воведување санкции врз вклучените компании.




