дома Македонија Економија Сепак, парите за исплата од ИПАРД блокирани, иако се тврдеше дека нема...

Сепак, парите за исплата од ИПАРД блокирани, иако се тврдеше дека нема проблеми

 Северна  Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.

Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.

Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи – илјадници земјоделци без исплата

Северна Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

ПредходнаСпор со Тајван: Токио се заканува дека ќе ја нападне Кина, Пекинг се заканува дека ќе ѝ „сече гркланот на Јапонија“