Истражна постапка е покрената против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за „запуштање и малтретирање на дете“.
На 9 ноември таа го малтретирала својот шестмесечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење.
Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала и уште една пријателка кои го однеле на лекарски преглед.
На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го малтретирала.
За неа е побаран притвор Јпоради опасноста од бегство, а бебето за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.




