дома Македонија Општество Од сабота задолжителна зимска опрема во возилата

Од сабота задолжителна зимска опрема во возилата

Од сабота почнува законската обврска за зимска опрема во возилата, а од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да се придржуваат до правилата.
Согласно Правилникот за задолжителна опрема, прописите се разликуваат во зависност од тежината и типот на возилото – за возила до 3 500 килограми и за возила со погон на четири тркала.
Возилата до 3 500 килограми треба да имаат зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри или ако имаат летни пневматици со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, во возилото мора да има синџири за снег или други помагала.
За возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски пневматици со минимална длабочина на шарите од шест милиметри, а доколку се користат летни пневматици, задолжително да се има синџири за снег – најмалку за задната осовина, или за постојано вклучената оска кај преклоплив погон.
За возила што надминуваат 3 500 килограми односно автобуси и товарни возила треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од шест милиметри, а доколку користат летни пневматици, задолжителни се синџири за снег.
Автобусите и товарните возила кои технички не можат да постават синџири мора да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Обврската за поседување зимска опрема трае до 15 март.

ПредходнаМилијардер вели дека луѓето трошат пари на овие 12 работи и затоа се сиромашни
СледнаВрвот на Леонидите доаѓа наскоро – еве кога можеме да го набљудуваме