Внесувањето на витамин Д не е добро само за коските и мускулите. Според една нова студија, луѓето кои веќе имале срцев удар можат да го намалат ризикот од срцев удар за половина со земање на додатоци на витамин D3.

Во истражувањето биле вклучени повеќе од 600 луѓе кои неодамна доживеале срцев удар. Некои од нив примиле стандарден третман, додека други земале додатоци на витамин Д3 за да го подигнат нивото на витамин во крвта над 40 нанограми на милилитар.
Резултатите укажуваат на тоа дека зголемувањето на нивото на витамин Д може да биде едноставен начин за намалување на ризикот кај пациентите по срцев удар, иако се потребни дополнителни истражувања за да се потврди оваа врска.

Повторливиот срцев удар може да се спречи
Телото произведува витамин Д природно со директно изложување на кожата на сончева светлина. Сепак, околу 13% од Европејците имаат сериозен недостаток на овој витамин.
Во истражувањето, повеќе од половина од пациентите кои примале додатоци на витамин D3 имале потреба од почетна доза од 5.000 единици – шест до осум пати повеќе од стандардните препорачани 600-800 IU за да го достигнат потребното ниво.

Дозата мора да биде препишана од лекар
Иако не беше пронајдена значајна разлика помеѓу стандардната група за третман и групата со витамин D3 при срцева слабост и мозочен удар, резултатите беа импресивни при повторливи срцеви удари.
Групата на додатоци имала половина помал ризик од втор срцев удар, според д-р Хајди Меј, една од авторите на истражувањето и кардиоваскуларен епидемиолог во американскиот болнички систем на Intermountain Health.
Истражувањето не пронајде никакви негативни несакани ефекти од земањето на витамин D3. Сепак, здравствените експерти нагласуваат дека возрасните не треба да земаат повеќе од 4.000 IU витамин Д дневно, бидејќи тоа може да доведе до камења во бубрезите или високо ниво на калциум во крвта.
Секако е препорачливо да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да земате дополнителни единици на витамин Д.




