Италија се подготвува да воведе данок на мали поштенски пратки од земји надвор од Европската Унија, како дел од мерките за заштита на својата модна индустрија од евтин увоз , главно од Кина , изјавија водечки италијански политичари, цитирани од Ројтерс.

Мерката е директно насочена кон онлајн гигантите „Шеин“ и „Тему“ , кои во последните години го преплавија европскиот пазар со евтини производи произведени надвор од заедницата.
„ Нашите мерки ќе стапат во сила до крајот на оваа година “, изјави министерот за индустрија Адолфо Урсо , прецизирајќи дека данокот ќе се применува на пратки во вредност помала од 150 евра , во согласност со нацрт-директива што се дискутира и на ниво на Европската унија .
Министерот за економија Џанкарло Џорџети го повика Брисел да го забрза воведувањето на паневропски данок на евтини пратки , предлагајќи тој да стапи на сила веќе во 2026 година , наместо во 2028 година, како што беше првично планирано.
„ Ни требаат силни и брзи европски правила за да ја запреме оваа воневропска агресија што го преплавува нашиот пазар со евтини и нерегулирани производи“, рече Џорџети.
Според Европската комисија, царинските органи на ЕУ обработиле околу 4,6 милијарди пратки со мала вредност од онлајн трговци во 2024 година , при што 91% од нив доаѓаат од Кина – двојно повеќе од бројот во 2023 година.
Се очекува италијанската мерка официјално да биде воведена како амандман на буџетот за 2026 година во наредните недели.
Италијанската модна федерација Federazione Moda Italia-Confcommercio ја поздрави одлуката, опишувајќи ја како чекор кон ограничување на „ултрабрзата мода“ , која ја поткопува не само економијата, туку и одржливоста на секторот.
„Ја цениме намерата на владата да вклучи во законот за буџет мерки насочени кон економската и еколошката штета предизвикана од ултраевтината мода, која ги одзема ресурсите од нашата економија и државната каса“, се вели во ставот на организацијата.




