дома Македонија Црна хроника Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал...

Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Предходна„Пет минути од диктатура“: Како Грузија го напушти Западот и исчезна од светската сцена
СледнаЛевица кон крајот на месецов ќе ја свика надзорна расправа за Кочани, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа, но бара проширување со други трагедии