Светски познатиот италијански инфлуенсер и креатор на содржини, со повеќе од 162 милиони следбеници на TikTok и 80 милиони на Instagram, Хаби Лаим е назначен за амбасадор на Светската туристичка организација (UNWTO).

UNWTO наведува дека Лаим, како амбасадор на туризмот, ќе ја користи својата платформа за промоција на одговорен туризам, зачувување на културното наследство и поддршка на одржливи практики, фокусирајќи се на прикажување на туризмот како двигател на развој, создавање работни места и заедништво, објави денес италијанскиот весник Sole 24 Ore.
„Неверојатно ми е чест што станав амбасадор на UNWTO. Моето патување започна едноставно со желбата да ги насмеам луѓето. Сега сакам да ја користам мојата платформа за да ја споделам мојата страст за светот, да промовирам одговорно патување и да изградам глобална заедница која се грижи за нашата планета и луѓето што ја населуваат“, рече Лаим.
Овие активности, барем засега, нема да ги вклучуваат Соединетите Американски Држави, каде што беше приведен во Невада во јуни 2025 година поради пречекорување на рокот на неговата виза. Како италијански државјанин, тој не беше приведен, туку само депортиран, но постои можност неговото враќање во Америка да биде ограничено или забрането.




