дома Свет Балкан НИС поднесува барање за посебна лиценца од Министерството за финансии на САД

НИС поднесува барање за посебна лиценца од Министерството за финансии на САД

На 18 ноември, Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесе ново барање за посебна лиценца до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД за да се овозможи непречено продолжување на работењето на компанијата, објави денес НИС.


Претходната лиценца, од 14 ноември, со важност до 13 февруари 2026 година, одобри преговори меѓу акционерите и другите заинтересирани страни за промена на сопственичката структура на НИС.
Во согласност со статусот на преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни, до ОФАК е испратено барање за нова лиценца што би овозможило работење на компанијата додека траат преговорите за одржливо решение за НИС, се вели во соопштението.

ПредходнаФорд повлекува речиси 230.000 возила во САД поради дефект на контролната табла
Следна“Погледни ја дипломата на таа девојка!” Благодарение на еден шовинист, сега сите го кажуваат тоа