дома Свет Финскиот претседател Стуб разговараше со Зеленски за преговорите во Женева

Финскиот претседател Стуб разговараше со Зеленски за преговорите во Женева

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека утрово телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговорите што се одржаа во Женева меѓу делегациите на САД и Украина, на кои присуствуваа претставници на европските земји.
Во објава на платформата X, Стуб не даде детали од разговорот со Зеленски, но коментираше за преговорите што се одржаа вчера во Швајцарија.
„Во преговорите што Украина и САД ги водеа вчера во Женева, беа преземени чекори кон праведен и траен мир. Сè уште има нерешени прашања. Јасно е дека Европа и НАТО ќе одлучуваат за прашања што ги засегаат“, рече Стуб.
Делегациите од Украина, САД и европските земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за завршување на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што предвидуваат големи отстапки за Русија.

ПредходнаКолку пари троши Украина за војната?
СледнаВулкан во Етиопија еруптира по повеќе од 10.000 години