дома Македонија Политика Предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш

Предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш

  На 6 декември имаме Конгрес, редовен, фокусирани сме на тоа, но во  однос на тоа дали ќе има предвремени избори, Мицкоски нагласи дека следната, 2026 година ќе биде предизвикувачка, изјави денеска премерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш 

– Дали ќе има избори понатаму, јас апсолутно во моето воведно излагање денеска кажав дека следната година 2026 ќе биде предизвикувачка година. Треба да се обезбедат повеќе од 2,2 милијарди евра да се вратат долговите од минатото. Доколку ние би формирале техничка влада, таа има лимитирани маневарски способности и ќе биде многу тешко да го продолжиме овој тренд којшто го имаме оваа година и втората половина од претходната година, посебно во делот на економијата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека кога би размислувал политички и тесно партиски во нивни интерес е напролет да има предвремени парламентарни избори.

– Но, ние сакаме да размислуваме државнички и во таа насока да се однесуваме. Интересот на граѓаните е подобра економија, подобри услови за живот и во рамките на можностите со коишто располагаме се трудиме секој ден тоа да го сработиме. Така што, некогаш успеваме, некогаш не успеваме, таков е животот. Но, во суштина тоа е моментално нашиот фокус. Ќе се задржам на онаа реплика што некогаш ја користам, во политиката никогаш не вели никогаш, но шансите за такво нешто се многу мали, нагласи премиерот.

ПредходнаМицкоск за нападот на Перев. Конструкт, апсолутно отфрлам дека е направен каков било напад врз тоа лице
СледнаБудва: Тело на маж исфрлено на Словенска плажа