Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.
Според судскиот предмет и документите од македонското обвинителство, како што пишува АНА-МПА, 60-годишниот намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото да ги види оштетувањата, пукал кон него и го убил, додека пак една година подоцна се одржало судењето и бил осуден на 15 години.
Пред солунскиот суд, објаснил дека откако бил пуштен од притвор, побегнал и се преселил во Грција и дека сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија.

-Тој, преку своите адвокати, изјави дека во тој период служел во личното обезбедување на тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров и дека бил на мета од политички причини. Според неговите тврдења, бил задржан во притвор 90 дена, по што бил пуштен на слобода, а потоа избегал со пасош издаден од властите на неговата земја и се преселил во Грција, пренесува МИА , повикувајќи се на грчката агенција.
Со оглед на тоа што изречената казна е пред 20 години, согласно грчкото кривично право е застарена и затоа судиите го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Северна Македонија.




