дома Македонија МВР: Приведени 13 пијани возачи и двајца за брзо возење

МВР: Приведени 13 пијани возачи и двајца за брзо возење

За само четири дена, од 24 до 27 ноември, полицијата низ целата држава изрече 2.450 казни за сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив, дури 454 се за возачи кои ја надминале дозволената брзина, што повторно ја потврдува алармантната состојба на патиштата. Контролите не завршија само со казни. Лишени од слобода се 15 лица за безобѕирно управување со возило, од кои 13 биле фатени пијани зад волан, а две возеле со екстремно висока брзина надвор од населено место.

Во статистичкиот преглед на полициските активности евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање и 265 мерки за управување без возачка дозвола. Девет санкции се изречени за минување на црвено светло, а 33 мерки за прекршоци од пешаци. Дополнително, изречени се 15 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 132 лица кои не користеле сигурносен појас, како и 89 возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, од сообраќај се отстранети 65 нерегистрирани возила и 44 возила поради техничка неисправност. Изречени се и мерки за 17 возачи на моторни возила поради затемнети стакла или непрописно вградени фолии.

МВР најавува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи за поголема безбедност на патиштата.

ПредходнаОхридско лето со свечена премиера во Скопје: „Профундис“ и Петар Пејчиќ во концерт под свеќи
СледнаВонредна контрола во Карпош: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна за пиење